Проектот ќе им овозможи околу 50 сесии, на кои по 20 градежни работници ќе имаат можност да си го сертифицираат своето знаење. Ова значи дека вкупно 1000 работници од 5-те приоритетни занимања ќе добијат СЕРТИФИКАТ за
знаењето и искуството од областа на енергетската ефикасност стекнати во минатото. Секој од партнерите ќе организира сесии за препознавање на искуството во за определено занимање:
Според ова се очекува секој партнер во проектот да организира по 10 сесии/работилници на кои ќе се сертифицираат севкупно 200 работници за секое занимање посебно, со што вкупно на 1000 работници би им се направило препознавање на претходното искуство и би добиле сертификат од Проектот.
Овој сертификат покрај во Македонија ќе биде признаен и во Словенија и Хрватска.
СЕРТИФИКАЦИО ТЕЛО проектот кое чија цел е спроведување процес на Препознавање и валидирање претходни знаења и вештини стекнати во неформалното и информалното образование, на работници од градежниот сектор, со цел со препознавање на нивните компетенции, каде работниците ќе се здобијат со соодветна квалификација.
Кофинансиран од програмата Интелегентна Енергија на Европската Унија
Одговорност
Одговорноста за содржината на оваа веб страница ја преземаат исклучиво нејзините автори и проектни партнери. Содржините и информациите
на веб страната во никој случај не смее да се сфати, дека ги одразуваат службените ставови на Европската Унија. ЕАСМЕ и Европската комисија
не преземаат одговорност за било какво користење на ифомациите содржани на веб страната.