
Стекнувањето знаење се случува континуирано во секојдневниот живот. Секое стекнато искуство води до нова вештина, знаење и компетенција. Кога се зборува за учењето како процес вообичаено се мисли на формалното образование што е секогаш организирано, планирано и со јасно дефинирни цели. Но, голем дел од
знаењето се стекнува преку неформалното образование, т.е. преку обуки за кои се добива определен вид на потврда или сертификат, или пак информално преку стекнување искуства во секојдневниот живот кои не се потврдени со сертификат.
Информалното знаење честопати се поистоветува и со самото искуство. За лицата кои не се вклучени во формалниот образовен систем и системот на неформални обуки, каде главно спаѓаат возрасните, знаењата и вештините кои ги стекнуваат дома, на работното место или пак од секојдневното работно искуство, се еднакво важни, релевантни па дури и позначителни од оние стекнати преку формалното учење. Сепак, учењето кое се случува надвор од формалниот образовен систем, не е доволно разбрано ниту пак е видливо и како резултат на тоа не доволно вреднувано.
Во земјите од Европската унија се повеќе се зголемува свесноста дека информалното учење претставува богат извор на човекови вредности иако генерално најголем дел од луѓето не се во можност целосно да го искористат овој вреден капитал од знаење и вештини, бидејќи не можат да ги докажат своите способности и компетенции. Затоа, препознавањето на резултатите од неформалното и информалното учење и нивното валидирање ги прави човековите вредности повидливи па оттаму и повредни.
Методологија на процесот на препознавање на претходни знаења и вештини стекнати во неформалното и информалното образование [PDF] (Macedonian version only)